top of page

Дигиталната трансформација
во Македонија

Ако мислевте дека Македонија заостанува на патот на дигиталната трансформација, големи се шансите да грешите. Проверете кои компании преземаат смели чекори на ова поле и постојано ја подобруваат дигиталната слика за земјата.

 

Иако Македонија е мала земја со ограничени индустриски капацитети и ресурси, сепак голем дел од локалните компании активно земаат учество во дигиталната трансформација. Без разлика дали станува збор за мали бизниси кои користат софтвери за дигитализација на нивните процеси, или пак големи компании кои користат големи ERP системи за нивните потреби, сепак дигиталната трансформација се одвива со забрзано темпо во Македонија и тоа не само како надградба на технологии, туку уште поважно како надградба на стратегии за развој и нови начини на размислување.

Една од позначајните иницијативи е секако Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, основан со поддршка од Македонија2025, кој има за цел зајакнување на дигиталната трансформација на македонската економија и бизнисите. Се предвидува дека центарот ќе биде вклучен во сите фази на дигиталната трансформација на компанијата, од дигитална гап анализа (дијагноза), до развој на дигитална стратегија и спроведување на стратегијата. Повеќе информации на www.godigital.mk

 

Дополнително, со зголемениот број на IT компании кои работат на создавање на нови решенија во Македонија за глобалниот пазар, дигиталната трансформација зема уште поголем замав на две нивоа – креирање на самите решенија, како и брзо обучување на кадар којшто може да ги предводи процесите на дигиталната трансформација во нашата земја.

Дигитализацијата е една од четирите идентификувани приоритети во рамката МКД2030 која ги определува приоритетните области во кои земјата треба да вложува на среднорочен план за државата да стане подобро место за живот, работа и социјално-општествени активности.

Листа на компании кои се занимаваат со решенија за дигитална трансформација во Македонија

KIBSTrust

Опис на услуги што ги нуди:

Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС) e оператор на платен систем за порамнување на мали меѓубанкарски плаќања во Република Македонија и првиот регистриран Издавач на сертификати (ИС) во Република Македонија. Активноста на давател на услуги на дигитална доверба КИБС ја започнува во 2002 година, а денес ја извршува преку брендот KIBStrust. Услугите од областа на дигитална доверба ги користат физички и правни лица, јавната администрација, а имплементирани се во финансискиот сектор и услугите понудени од е-Влада.

NextSense

Опис на услуги што ги нуди:

НЕКСТСЕНС е компанија специјализирана за решенија за целосна дигитална трансформација, дигитално потпишување и работа со е-документи. Препознатливи се по е-Парламент и е-Влада решенијата, како и по бројните решенија во областа на здравството, банкарскиот сектор и телеком индустријата. Исто така се фокусирани на инфраструктурните сервиси како систем интегратори сме на Microsoft инфраструктури, безбедносни решенија на Symantec и решенија за заштита на податоци на Veritas.

Semos Multimedia

Опис на услуги што ги нуди:

Semos Multimediа интегрира мултимедијални решенија за бизнис потребите на клиентите, како дизајн изработка и одржување на веб сајтови, корпоративен идентитет и мултимедијални презентации, веб базирани е-комерц и мобилни апликации, развој на мобилни апликации.

Македонски
Телеком

Опис на услуги што ги нуди:

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор којшто е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата ги обезбедува следните услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија. Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија којашто ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите.

Netcetera

Опис на услуги што ги нуди:

Како водечка швајцарска софтверска компанија, таа ги поддржува клиентите ширум светот со производи за поставување тренд и сопствен софтвер и го покрива целиот животен циклус на ИТ услуги, од стратегија до имплементација и работа. Нивната врамнотежена комбинација на врвна технологија и докажани стандарди гарантира безбедност на инвестициите, од големи проекти до иновативни почетоци. Компанијата има 550 вработени со една заедничка цел: да им помогнат на клиентите да ги постигнат своите дигитални деловни цели.

KIBSTrust logo FINAL outlines-02.png
Kompanii
Uspeshni

Успешни приказни

Тестимонијали од успешно реализирани проекти во МК во правец на дигитална трансформација.

Комерцијална Банка

images.png

Долгогодишната и успешна соработка со Комерцијална Банка АД Скопје обезбеди услови за имплементација на современ и модерен канал за интеракција на банката со нејзините клиенти. КБ ја препозна OneID како иновативно решение кое овозможува наједноставен и најбрз пристап до сите свои услуги со примена на доверливи и сигурни решенија кои гарантираат примена на дигитални технологии.

Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост со кое добивате пристап до банкарските производи и услуги без да имате потреба од посета на шалтер.

 

„Во првата година од имплементација на услугата, повеќе од 2.000 наши клиенти започнаа да го користат дигиталниот идентитет и само за три месеци неколку стотини лица ја искористиле услугата Дигитален оnboarding и станале клиенти на Банката без посета на експозитура. Крајна цел ни е да бидеме прва целосно дигитална банка, што подразбира достапност на сите услуги преку електронска идентификација. И ова не е статичка цел, туку процес кој постојано ќе се надоградува со најновите технички стандарди и корисничко искуство“ -

изјави д-р Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

Шпаркасе Банка

Sparkasse-Logo 1.png

Со цел да овозможи целосно дигитални услуги за своите клиенти, Шпаркасе банка направи неколку  значајни чекори: го интегрираше своето работење со услугата OneID и ја имплементираше платформата за дигитално потпишување на далечина – SignPlus, обезбедени од давателот на доверливи услуги КИБС АД Скопје.

 

Истовремено, во своето работење го имплементираше и интегрираше решението за дигитално архивирање документи – Corporate Document Repository (CDR), производ на водечката компанија за дигитална трансформација Некстсенс ДОО Скопје. Услугите се целосно бесплатни за клиентите на банката и за нив нема потреба клиентите посебно да аплицираат.

 

„Со гордост можам да кажам дека направивме крупен исчекор во процесот на дигитална трансформација на банкарските услуги, производи и процеси. Ова е голем успех за тимот на Шпаркасе Банка, кој посветено работеше на имплементација на ова решение, во соработка со партнерите КИБС и Некстсенс. Со интеграција на ова решение, како банка сме целосно подготвени да идентификуваме клиенти без физичко присуство во банката, како и да проследиме електронска документација на наш клиент идентификуван на ваков начин и повратно да добиеме електронски потпишан документ. Продолжуваме со имплементација на технолoшки напредни решенија во банкарството, сè со цел подобрено корисничко искуство и поедноставување на работењето со клиентите, но и оптимизација и автоматизација на интерните процеси во Банката. Свесни сме дека дигитализацијата е иднината и посветено ќе продолжиме да работиме како банка во таа насока“ - истакна Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

© 2025 Дигитална трансформација

bottom of page