Acerca de

Што е
EIDAS?
eIDAS e европска регулатива усвоена во 2014 година, со која што се воспоставува рамка за посигурна и поефикасна електронска интеракција помеѓу бизнисите, луѓето и јавната власт, без разлика на тоа во која европска земја се одвива. eIDAS е кратенка што означува електронска идентификација (eID) и услуги од доверба (AS).
еID e всушност електронска идентификација на бизнисите и потрошувачите.
Функционира во два чекори:
1. Првиот е процес на идентификација во кој бизнисите и потрошувачите СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ кои се.
2. Вториот е процесот на автентификација во којшто бизнисите и потрошувачите ДОКАЖУВААТ дека се тие коишто велат дека се.
Со eID, пристапот до услугите и вршењето на деловните трансакции електронски е МНОГУ полесен и побрз.
Кои услуги од доверба ги вклучува еIDAS?
Електронскиот потпис е израз на согласност во електронски формат со кој се согласуваме на содржината во одреден документ.
Електронскиот печат е електронски еквивалент на печат што се става на одреден документ.
Електронскиот временски жиг пак, докажува дека документот постоел во точно определен временски период.
Електронските регистрирани услуги на достава дозволуваат електронско пренесување на податоци меѓу бизнисите, јавната администрација и граѓаните.
Сертификатите за автентификација на веб-страници се доказ дека одредено физичко или правно лице е сопственик на веб-страницата.
Што добивате со тоа?
01
Поефикасни бизнис процеси
02
Помалку бирократија и административен товар во електронските трансакции
03
Поголема сигурност во меѓународните трансакции за сите бизниси
04
Значително намалување на трошоците и зголемен профит
05
Побезбедни електронски трансакции кои водат до зголемена доверба кај потрошувачите и логично, уште поголема база на потрошувачи.
еIDAS во Македонија
Во Македонија, давањето доверливи услуги и шеми за електронска идентификација е регулирано со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги
Како да ги користите eIDAS услугите во вашата компанија?
Во Македонија, услуги од дигитална доверба, вклучувајќи и квалификувани сертификати за електронски потпис, печат и електронска идентификација понудени во согласност со eIDAS регулативата нуди КИБС АД Скопје.
Дознајте повеќе за нивните производи и услуги на www.kibstrust.mk и www.oneid.mk