Речник на
термини
Дигиталната трансформација е широка област која користи различна терминологија од неколку области на делување. Со цел да ви ја олесниме навигацијата низ процесот на трансформација, тука ќе ги најдете најчесто користените термини со нивно појаснување.
Модел на софтверски апликации каде што софтверот се нуди како услуга преку интернет, без потреба од инсталација и одржување на локални компјутерски системи.
Модел на развојни платформи и инфраструктура за хостинг на апликации, каде што корисниците можат да развиваат, тестираат и употребуваат свои апликации без да се фокусираат на инфраструктурните аспекти.
Модел на компјутерска инфраструктура (сервери, мрежна опрема, складиште) како виртуелни ресурси преку интернет, каде што корисниците имаат контрола врз оперативниот систем и инсталираниот софтвер.
Систем за управување на односите со клиентите, вклучувајќи ги активностите поврзани со маркетинг, продажба и поддршка по продажбата.
Интегриран систем за управување на компанијата што опфаќа различни функционалности како финансии, логистика, производство, човечки ресурси и други, со цел интеграција и управување на сите аспекти на претпријатието.
Процес на обезбедување помош, информации и решенија за задоволување на потребите и барањата на клиентите , поврзани со продуктите/сервисите кои ги користат.
Автоматизирани програми што симулираат разговор со корисници преку текстуални или гласовни интерфејси. Се користат за автоматски одговори на често поставувани прашања и решавање на основни проблеми.
Сертификат за електронски потпис, издаден од давател на доверливи услуги, е електронска потврда која ги поврзува податоците за валидација на електронски потпис со податоците за идентитетот на физичко лице. Се користат за креирање електронски потпис на податоци и документи, со што се гарантира интегритетот на податоците и идентитетот на потписникот.
Електронски временски жиг издаден согласно стандардот RFC 3161, од давател на доверливи услуги е електронски запис кој поврзува електронски податоци со конкретно време и претставува доказ дека поврзаните податоци постоеле во конкретниот момент. Може да се користи заедно со електросни потпис со што го гарантира точниот датум и време на потписите на документот.
Флексибилна и итеративна методологија за развој на софтвер која се фокусира на со работка, брзина, адаптирање и задоволување на потребите на корисникот. Развојот на софтвер се базира на континуирано подобрување преку кратки циклуси на развој и регуларна комуникација со заинтересираните страни.
Процес на организација, координација и надзор на работните активности помеѓу различни членови на тимот или организацијата. Вклучува соработка, комуникација и следење на напредокот на задачите и проекти.
Имплементација на технолошки решенија и софтвер за автоматизација на бизнис процесите, што ја зголемува ефикасноста, ги намалува ризиците и го подобрува квалитетот на работата.
Употреба на технологија за автоматизација на различни аспекти на бизнис процесите, со цел намалување на мануелната работа и подобрување на продуктивноста и ефикасноста.
Систематско управување на бизнис процесите, вклучувајќи анализа, креирање, извршување и супервизија, со цел подобрување на перформансите и крајниот резултат на компанијата.
Радикална промена и преглед на постоечките бизнис процеси во компанијата, со цел да се добие значително подобрување на перформансите, ефикасноста и конкурентноста.
Технологија која користи софтверски роботи за автоматизација на рутинските и повторливи задачи во бизнис процесите. Целта е да се зголеми ефикасноста и точноста, и да се намали потребата од човечка интервенција.
Автоматизација на работните текови и активности во еден процес или проект. Целта е да се зголеми ефикасноста и брзината на извршување на задачите, како и да се намали потребата за рачно управување и контрола.
Електронски еквивалент на идентитетот на корисникот или организацијата. Вклучува информации за идентитетот и автентичноста на корисникот, и се користи за автентификација и авторизација во дигиталниот свет.
Електронски сертификат кој гарантира криптирана и безбедна комуникација помеѓу веб-страници и корисници. TLS (Transport Layer Security) и SSL (Secure Sockets Layer) се протоколи кои овоможуваат енкрипција на целата комуникација меѓу интернет прелистувачот и веб-страницата и ја зајакнуваат довербата на корисниците во заштитата на податоците.
Електронски сертификат кој гарантира автентичност на софтверскиот код и негово потпишување со цел да се потврди дека кодот не е менуван или компромитиран. Се користи за доверливост и безбедност при инсталација и работа со софтвер.
Процес на автентикација кој користи две различни методи за потврда на идентитетот на корисникот. Обично вклучува нешто што корисникот знае (лозинка) и нешто што корисникот поседува (мобилен телефон или токен ). Се користи за зголемување на безбедноста и намалување на ризикот од компромитирање на лозинки.
Претворање на физички информации во дигитален формат.
Развивање бизнис процеси и работни текови кои ќе се одвиваат со помош на дигитални технологии.
Промена и трансформација на бизнис моделите, процесите и операциите со користење на дигитални технологии и иновации.
Инфраструктура и услуги базирани на интернет кои овозможуваат пристап и користење на компјутерски ресурси (сервери, меморија, податоци и апликации) преку мрежа.
Мрежа на физички објекти (уреди, сензори, вградени системи) што се поврзани преку интернет и може да комуницираат и разменуваат податоци меѓусебно без човечка интервенција.
Област од компјутерските науки која се фокусира на развој на компјутерски системи и алгоритми што можат да изведуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција, како размислување, учење, заклучување и препознавање.
Гранка на вештачката интелигенција што се фокусира на развој на алгоритми и модели кои автоматски учат и ги подобруваат своите перформанси со искуство и податоци, без експлицитно програмирање.
Општ термин за обработка и анализа на големи и комплексни групи податоци кои не можат да бидат ефикасно обработени и анализирани со традиционални методи за обработка на податоци.
Процес на собирање, анализа и претставување на податоци со цел да се добијат знаења и информации за бизнис одлуките и стратегиите.
Имерзивна технологија со помош на која се создава дигитално симулирана околина во која се реплицираат сетилни искуства и им се овозможува на корисниците интерактивно да се вклучат во компјутерски генериран свет.
Технологија со помош на која дигиталните содржини му се придодаваат или го дополнуваат реалниот свет овозможувајќи интеракција помеѓу виртуелни и реални објекти.
Софтверско решение за организација, заштита, складирање, претставување и пребарување на електронски документи и записи во организацијата.