top of page

Услугата Apple Pay наесен ќе биде достапна за македонските корисници

  • Writer: DT
    DT
  • Jul 17, 2025
  • 1 min read

Долгooчекуваната платежна услуга Apple Pay наскоро ќе стане реалност и за корисниците во Македонија. Компанијата Apple веќе споделила насоки и технички упатства со домашните банки, а услугата ќе биде достапна откако институциите ќе ја потврдат својата техничка подготвеност. Според неофицијални информации, стартот се очекува во септември 2025 година. Влегувањето на Apple Pay ќе претставува нов импулс за развојот на мобилните плаќања во Македонија, каде што сѐ повеќе корисници бараат дигитални и иновативни решенија.



© 2025 Дигитална трансформација

bottom of page