top of page

B2B BNPL Купи веднаш, плати подоцна (Buy Now, Pay Later): Паметно финансирање за модерни бизниси

  • Writer: DT
    DT
  • Jul 8, 2025
  • 3 min read

Buy Now, Pay Later (BNPL) е форма на краткорочно финансирање која им овозможува на клиентите да купат добра и услуги веднаш, а да платат подоцна — во целост или преку однапред дефинирани рати. Со својата флексибилност, BNPL е особено популарен во е-трговијата.

Но, иако BNPL е веќе докажан модел на B2C пазарот, неговата вистинска трансформативна вредност сѐ повеќе се гледа во деловната (B2B) сфера, каде што ги надополнува и модернизира традиционалните решенија за одложено плаќање, како што е трговскиот кредит.


Што е B2B BNPL?


B2B BNPL е BNPL модел наменет за компании – купувачи и продавачи во деловната сфера. Примената е особено значајна во сè пообемниот свет на B2B е-трговијата, но и во традиционалната продажба на производи и услуги од компанија на компанија.

Пример: Мал бизнис за опремување станови сака да набави бела техника (фрижидери, машини за перење, шпорети) од дистрибутер на електроника и бела техника преку B2B е-трговска платформа. Наместо веднаш да го плати целиот износ, го користи B2B BNPL решението за да го плати на 4 месечни рати. На тој начин, може веднаш да ги испорача производите кај клиентите, а да го задржи ликвидниот капитал за тековни трошоци.


BNPL vs. Трговски кредит: Во што е разликата?


Иако B2B BNPL е форма на трговски кредит, постојат неколку суштински разлики кои го прават BNPL посебно привлечен за модерните бизниси. Најголемата разлика е во едноставноста и брзината. Додека трговскиот кредит често бара долги процедури – како детални кредитни проверки, индивидуално преговарање за условите и воспоставување посебни договори – BNPL е структуриран со однапред дефинирани услови и е достапен директно, онлајн или офлајн.

BNPL е стандарден и автоматизиран процес, со јасно утврдени рати, рокови и минимални административни чекори. Тоа значи дека дури и купувачи кои тоа го бараат за првпат, можат да добијат одложено плаќање. За разлика од тоа, трговскиот кредит е често резервиран за постојани клиенти со веќе изградена доверба, и може да биде потежок за добивање за нови или помали компании.

Понатаму, BNPL решенијата најчесто ги нудат финтек-провајдери, а не традиционални банки или самите продавачи. Овие провајдери користат технологија за брзо одобрување и се интегрираат директно во продажните платформи, овозможувајќи беспрекорно корисничко искуство.

Со други зборови, BNPL е поприспособлив и полесен за имплементација, особено кога компаниите имаат голем број клиенти или сакаат да го автоматизираат процесот. Тоа го прави идеално решение за компании кои сакаат да понудат флексибилни услови за плаќање – без да го жртвуваат своето време, ресурси или ликвидност.


Каде се применува B2B BNPL?


  • Кај индустриски добавувачи (машини, опрема, канцелариски материјали)

  • Преку B2B marketplaces – дигитални платформи кои поврзуваат продавачи и купувачи од различни индустрии

  • Во мултиканални модели – и во физичка продажба и во е-трговија/


Кои се придобивките за бизнисите?


  • Подобрување на ликвидноста: Компаниите можат да купуваат кога имаат потреба, а да платат кога им е најзгодно.

  • Флексибилност во буџетирањето: Купување на поголеми количини или користење на попусти без поголем достапен капитал.

  • Полесен процес на апликација и одобрување: Без долги кредитни процедури.

  • Подобро искуство: Интеграција на финансии со дигиталните процеси.

  • Достапност за мали и нови компании кои не се подобни за банкарски кредити.


Зошто B2B BNPL е поважен од B2C?


  • Поголем пазар: B2B пазарот е поголем од B2C пазарот.

  • Поголеми трансакции: Просечната вредност на B2B трансакциите е значително повисока.

  • Поголема репетитивност: B2B клиентите купуваат често и од истите добавувачи.

  • Можност за глобална примена: BNPL ги олеснува трансакциите во меѓународна трговија со стандардизирани услови.

  • Намалување на финаниската празнина кај малите и средни претпријатија


B2B BNPL е иновативен, флексибилен и практичен начин за финансирање во современиот деловен свет.

Тој не само што ја подобрува ликвидноста на компаниите, туку и го поедноставува патот до зголемен обем на трговија, дигитализација и подобро искуство за клиентите. Во време кога брзината е од клучна важност, B2B BNPL претставува паметна алтернатива за раст и стабилност.

© 2025 Дигитална трансформација

bottom of page