top of page

Дигитална трансформација на традиционалната работа со хартиена документација

  • Writer: DT
    DT
  • Jan 20, 2025
  • 2 min read

КИБС овозможува дигитално потпишување на документи со користењето на платформата SignPlus, која, како и OneID, е софтвер како услуга достапна во облакот на KIBSTrust. Покрај другите функционалности, платформата обезбедува целосно онлајн дигитално потпишување документи во PDF-формат со користење различни типови сертификати. Корисникот на услугата може да ја интегрира својата електронска архива со цел автоматски да ги архивира потпишаните документи.

Електронското потпишување на документите е можно со еднократен напреден сертификат (за кој не се потребни дополнителни инсталации или користење на уреди – PKI токени), квалификуван сертификат издаден на PKI токен, а наскоро и квалификуван сертификат сместен во сигурниот облак на КИБС. За да се обезбеди долготрајна валидност на електронски потпишаниот документ, се користи временски жиг произлезен од квалификуван извор на време, а сертифициран од давателот на временски жигови – КИБС.

Услугите кои ги нуди порталот SignPlus се:


Можност за креирање лична или корисничка сметка за компанијата во рамките на која постои можност за креирање под сметки за вработените во компанијата

Електронска препорачана испорака на документи (е-достава)

Проверка на валидноста на временските жигови ставени на било кој електронски документ

Обезбедување податочни складови за чување на вашите електронски потпишани документи кои ќе ви бидат достапни секогаш и насекаде.


Предности на порталот SignPlus:


БЕЗБЕДЕН

SignPlus ги исполнува ригоризните индустриски стандарди за автентикација на корисниците. Нивото на автентикација може да биде зголемено, со тоа што секој корисник може да одбере двофакторска автентикација за својата најава, преку користење на безбедносни кодови (доставени до корисникот преку екстерен систем – e-mail или SMS). Системите и процесите на SignPlus ги користат најмоќните комерцијално достапни технологии за шифрирање на податоци и обезбедуваат заштита и безбедност при пренос и чување на податоците.


ИНТУИТИВЕН

SignPlus е имплементиран како множество од веб-модули кои, преку кориснички веб-интефејс, им овозможуваат на корисниците креирање на свој тек на потпишување и проследување на документите од повеќе потписници. Потпишувањето е со примена на различни видови сертификати за електронски потпис. Вашиот тим може да потроши повеќе време за активности кои ќе дадат нов квалитет, заштеда на трошоци и подобрување на услугите.


ГЛОБАЛЕН

Корисници од целиот свет можат да ги користат предностите на дигитално потпишување преку кој било интернет-прелистувач и од кој било уред, паметен мобилен телефон, таблет или персонален компјутер.


ОТВОРЕН И СКАЛАБИЛЕН

Бидејќи секој бизнис е различен, SignPlus е флексибилен. На располагање Ви се RESTful API коишто содржат методи за лесна интеграција на SignPlus во апликативни решенија и процеси.



 
 

© 2025 Дигитална трансформација

bottom of page