top of page

КИБС и Некстсенс ја лансираа OneID - првата македонска услуга за електронска идентификација

  • Writer: DT
    DT
  • Jan 20, 2025
  • 2 min read
КИБС во партнерство со Некстсенс ја лансираше првата македонска услуга за електронска идентификација – OneID, изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со OneID во земјата се отвора ново поглавје во дигитализацијата на процесите за широка палета на услуги за граѓаните и правните лица.
КИБС во партнерство со Некстсенс ја лансираше првата македонска услуга за електронска идентификација – OneID, изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со OneID во земјата се отвора ново поглавје во дигитализацијата на процесите за широка палета на услуги за граѓаните и правните лица.

Услугата за Електронска идентификација – OneID станува дел од официјалните квалификувани шеми за електронска идентификација на Министерството за информатичко општество и администрација, со што се создадени услови за нејзина масовна примена.


Што е OneID?

OneID е услуга за електронска идентификација на граѓаните на далечина при користење на онлајн услуги од правни лица, изработена согласно одредбите од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Услугата овозможува онлајн идентификација на корисници преку мобилен уред со високо ниво на доверливост. OneID обезбедува потврден електронски идентитет со точни лични податоци добиени од Централниот регистар на население на Република Северна Македонија

Услугата е развиена од две реномирани домашни куќи на полето на дигиталната трансформација во државава и надвор од неа, КИБС АД Скопје и Nextsense ДОО Скопје.

Со објавувањето на OneID во регистарот на шеми за електронска идентификација, сите финансиски институции, телеком оператори и државни институции во Република Северна Македонија ќе имаат можност да ја интегрираат оваа услуга во своите дигитални процеси со цел  да обезбедат електронска идентификација за своите клиенти.


Придобивки од OneID

OneID обезбедува целосен пресврт во услужувањето на граѓаните од страна на давателите на електронски услуги, институциите и организациитекоишто ќе ја имплементираат оваа нова македонска услуга. Користејќи OneID, организациите значајно ќе го подигнат нивото на дигитално услужување. Идентификацијата на корисниците ќе се одвива целосно дигитално, без потреба од физичко присуство. OneID го скратува времето за проверка на личната карта или друг документ за лична идентификација. Идентификацијата се одвива брзо и безбедно, целосно дигитално, во согласност со важечките закони.

Придобивките за граѓаните се огромни од користењето на OneID како дигитална лична карта со што сите услуги и трансaкции им се достапни 24 часа преку нивниот мобилен уред.Услугата OneIDграѓаните можат да ја користат секаде каде што од нив се бара да го докажат својот идентитет. Со неа добиваат пристап до најразлични услуги коишто се строго регулирани, како на пример услуги од банки, осигурителни компании, брокерски друштва за хартии од вредност, телеком оператори, државни услуги давани онлајн и друго. Дополнително, услугата овозможува засилена автентикација при корисничка најава на интегрираните портали и дигитално потпишување документи. ОneID овозможува брзо и лесно креирање на правно валидни документи како договори, изјави, барања, согласности од корисниците, потпишани со валиден дигитален потпис креиран со квалификуван сертификат во облакот на КИБС.


 
 

© 2025 Дигитална трансформација

bottom of page