top of page

Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет

Writer: DT
DT
6 days ago
1 min read

Македонската банкарска асоцијација информира дека во текот на ноември започнува примената на новите стандарди во националниот платен промет.


Промените се однесуваат на три работи:


  • Нови единствени платни налози што ги заменуваат досегашните ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 — и во хартиена и во електронска форма.

  • Нови четиризнаковни ознаки за целта на плаќањето, наместо досегашните бројчани шифри.

  • Запишување на сметките во ИБАН формат, со додавање на префиксот МК07 пред постојниот број на сметката.


Важно: броевите на постојните сметки не се менуваат. Банките ќе ги приспособат своите системи за електронско и мобилно банкарство.


Компаниите што користат автоматска размена на налози или интегрирани сметководствени системи ќе бидат известени од своите банки за потребните прилагодувања.


 
 

© 2025 Дигитална трансформација

bottom of page